v5.6.1.50004  
Прва страница Помош Мапа на локацијата  
 
македонска верзија
english version
  see archive
 
Најавување
Корисничко име
Лозинка
 Заборавена лозинка  
Договорните органи се одговорни за веродостојноста и точноста на внесените податоци на ЕСЈН!
Корисни линкови
Биро за јавни набавки
Државна комисија за жалби по јавни набавки
Tenders Electronic Daily
Тест
test 2
Добредојдовте на официјалната веб локација на електронскиот систем за јавни набавки
Корисничка поддршка

Советот за јавни набавки објавува Ј А В Е Н  П О В И К за избор на стручни лица. За повеќе информации можете да добиете на следниот линк тука...

________________________________________________________________

Бирото за јавни набавки организира обуки за Измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки. Детали и информации за локациите и  термините можете да добиете на следниот линк тука ... 

________________________________________________________________

Бирото за јавни набавки продолжува со реализација на едукацијата за јавните набавки. Информации на следниот линк тука ... или пишете на katerina.gorgieva@bjn.gov.mk
________________________________________________________________

Препорачани верзии на интернет прелистувачи за користење на Електронскиот систем за јавни набавки се: Internet Explorer v8+ и Mozilla Firefox v9+.

Новости Корисни документи
20.02.2014 -
Нов Правилник за начинот на користење на ЕСЈН

Донесен е нов Правилник за начинот на користење на Електронскиот систем за јавни набавки, објевен во Службен весик на РМ број 18/2014. Со истиот дополнително се уредени и изменети одредбите кои се однесуваат на електронските аукции, новиот концепт на поднесување на конечна цена и дополнети се некои од правилата за користење на ЕСЈН. Правилникот може да го преземете од тука... Повеќе

13.02.2014 -
Воведување на нови модули и алатки на ЕСЈН

Почнувајќиод 1 јануари 2014 година, согласно Законот за јавни набавки, стапија на сила одредбите кои се однесуваат на задолжително објавување на тендерската документација, задолжително објавување на проценетата вредност во огласот, воведување на изјава за независна понуда и воведување на концептот на поднесување на конечна цена... Повеќе

03.06.2013 -
Нова функционалност на ЕСЈН - Профил на економски оператор

Со цел подобрување на ефикасноста при учеството на постапките за доделување на договор за јавна набавка кои се водат по електронски пат, на ЕСЈН е воведена нова функционалност - Профил на економски оператор. Имено, преку овој модул економските оператори ќе можат еднаш да ги прикачат документите за докажување на личната состојба, и така прикачени да ги користат при учеството на различни постапки, односно еднаш прикачените документи се вчитуваат (ќе се појават) кај секоја постапка, каде што ЕО е заинтересиран да поднесе понуда (нема потреба од повторно прикачување). Преку оваа функционалност значително ќе се скрати времето потребно за поднесување на понудите кај постапките кои што се водат по електронски пат.... Повеќе

09.05.2013 -
Воведен е нов образец - Известување за реализиран договор

Ве известуваме дека на ЕСЈН е развиена и имплементирана нова функционалност - форма/образец за објавување на известувањa за реализирани договори. Користењето на оваа функционалност е опционално и преку неа се овозможува прикажување на реалната реализација на договорите за јавни набавки (каде што е потребно). Ова ќе овозможи подигање на транспарентноста кај склучувањето на договорите за јавна набавка и претставување на реално потрошените средства.

Преку пополнување на образецот - Известување за реализиран договор, договорните органи ќе можат да вршат корекција на првичната вредност на известувањето за склучениот договор. По даден временски период, доколку реалната ситуација покаже дека се потрошени помалку средства од износот на кој гласи анексот на договорот (доколку има анекси), договорниот орган ќе може да изврши корекција на првичниот износ и да ги прикаже вистински потрошените средства.... Повеќе

24.04.2013 -
Нов Правилник за начинот на користење на ЕСЈН

Донесен е нов Правилник за начинот на користење на Електронскиот систем за јавни набавки. Истиот е објавен во Службен весник на РМ број 57/2013. Со истиот е доуредена областа на електронските јавни набавки, а посебно се допрецизирани одредбите за електронски аукции, употребата на дигиталните сертификати, електронската архива, начинот на пријавување на технички проблеми итн. Правилникот може да го преземете од тука... Повеќе

08.01.2013 -
Воведување на модул за архивирање на ЕСЈН

На Електронскиот систем за јавни набавки е воведена нова функционалност во поглед на олеснувањето при користењето на системот и пребарувањето на огласите и известувањата. Ова е направено со цел да се олесни пристапот на корисниците до податоците што се наоѓаат на системот и да се забрза целокупното работење на ЕСЈН. Модулот за архивирање функционира на следниот начин: на ЕСЈН се прикажуваат огласи, известувања, постапки, документација и останати податоци од последните три години... Повеќе

04.01.2013 -
Проширување на обемот на категории за добивање на инфо за ново објавени огласи

Услугата што ја дава Бирото за јавни набавки на економските оператори - испраќање на инфо за ново-објавени огласи преку порака до корисниците на нивната електронска пошта, е проширена и за следниве видови на огласи и известувања: огласи од категоријата Други огласи (за постапки кај кои предметот на набавка припаѓа на категоријата на услуги од член 17 став 1 алинеја 2) и за Известувања за технички дијалог.

31.10.2012 -
Објавени нови ажурирани верзии на прирачниците за начинот на користење на ЕСЈН за договорни органи и економски оператори
На почетната страна на ЕСЈН во делот - Корисни документи и линковите за прирачници за ДО и ЕО (на главното мени од левата страна) можете да ги најдете и преземете последните верзии на прирачниците за користење на ЕСЈН за договорни органи и економски оператори. Овие верзии се ажурирани и во нив се содржани сите направени промени на системот поврзани со подобрувањето на некои функционалности, а исто така и поврзани со последните измени на легислативата.
03.07.2012 -
Нови функционалности на Електронскиот систем за јавни набавки

Почнувајќиод 1 јули 2012 година, согласно Законот за јавни набавки, стапија на сила одредбите кои се однесуваат на објавување на огласите за барање за прибирање на понуди до 5.000 евра, воведувањето на квалификациски системи и технички дијалог, имплементацијата нанегативните референци и објавувањето на огласи за ... Повеќе

20.03.2012 -
Воведување на надоместоци за користење на ЕСЈН

Од 03.04.2012 година ќе бидат воведени надоместоци за користење на услугите на ЕСЈН. Со оглед на сè поголемото користење на електронските јавни набавки и електронските аукции во Македонија, се јави потреба од постојан развој, унапредување и секојдневно одржување на апликацијата на ЕСЈН. Со цел продолжување на добивање на услугите од системот на највисоко ниво и подобрување на функционалностите што ги користите на истиот, се воведува годишна претплата за користењето на ЕСЈН. Годишната претплата ќе биде утврдена врз основа на категоријата/големината на економскиот оператор. За постоечките корисници, доколку сакаат да продолжат со користење на услугите на системот, ќе можат да извршат уплата во рок од 10 дена после воведувањето на системот за претплата. Про-фактурата ќе биде генерирана после првото најавување на системот, по 03.04.2012 година... Повеќе

28.12.2011 -
Задолжително користење на електронските аукции во 2012 година

Се известуваат сите договорни органи дека од 1 јануари 2012 година, нивна законска обврска е да користат електронска аукција во 100% од бројот на објавени огласи. Согласно член 8 од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки  (“Службен весник на Р.М“ број 97/10) договорниот орган e должен да користи електронска аукција во 100% од бројот на објавени огласи за отворена постапка, ограничена постапка, постапка со преговарање со претходно објавување на оглас и за постапка со барање за прибирање на понуди со објавување на оглас.... Повеќе

15.03.2011 -
Испратени пораки од ЕСЈН кои што не се примени од корисниците

Од страна на договорните органи и економските оператори до Бирото за јавни набавки е пријавено дека испратени пораки (покана за е-аукција, известување за избор на најповолна понуда и сл.) на регистрираната адреса на е-пошта од страна на Електронскиот систем за јавни набавки не се примени.
 
Со цел да се избегнат ваквите непријатности Ве потсетуваме дека со интеграцијата на Електронскиот систем за јавни набавки и системот за Огласи и известувања од 01.01.2010 година се  воведе ... Повеќе

25.02.2011 -
Ажурирани верзии на прирачниците

Бирото за јавни набавки ги ажурираше двата прирачника за начинот на користење на ЕСЈН.  Со оглед на тоа што од јануари 2010 година, кога се пушти во употреба интегрираниот ЕСЈН, па до денес се направија повеќе надградби во самата софтверска апликација, како функционални така и терминолошки,  неопходно беше истите да се рефлектираат и во прирачниците. Целта е корисниците на системот да имаат пред себе точни инструкции кои ќе има го олеснат користењето на системот. Ажурираните прирачници можете да ги преземете од менито на почетната страница на ЕСЈН во делот за договорни органи, односно економски оператори, како и од делот од почетната страна - Корисни документи. Исто така, Бирото за јавни набавки изготви и детално ... Повеќе

18.02.2011 -
Правилно испраќање на покани до понудувачите при електронска аукција

На учество на електронска аукција се повикуваат исклучиво понудувачите кои доставиле прифатливи понуди во конкретната постапка за доделување на договор за јавна набавка која завршува со е-аукција. При креирање на директна електронска аукција, договорниот орган пребарувањето на економските оператори кои треба да ги покани на електронската аукција треба да го врши со користење на повеќе филтери (единствен даночен број, единствен матичен број, назив, телефон и е-пошта на економскиот оператор). Процесот на креирање на директа е-аукција и поканување на прифатливи понудувачи е особено важен и потребно е внимателно да се спроведе. Во случај да бидат поканети економски оператори кои воопшто не поднеле понуда за учество на конкретната постапка или некои од операторите кои поднеле прифатлива понуда НЕ се поканети, е-аукцијата ... Повеќе

17.02.2011 -
Кој ја сноси одговорноста доколку настанат технички проблеми при користењето на ЕСЈН

Согласно постоечката легислатива за користењето и функционирањето на Електронскиот систем за јавни набавки, продолжување на рокот за поднесување на понудите или презакажување на електронска аукција е можно:

  • Доколку настане пад на серверите на ЕСЈН, при што економските оператори се оневозможени од учество на постапка која се спроведува со користење на електронски средства или на електронска аукција, тогаш системот автоматски го продолжува рокот за поднесување понуди или времетраењето на аукцијата за период еднаков на периодот во кој што ЕСЈН бил во прекин. Доколку не е можно автоматско продолжување на рокот за поднесување на понудите или времетраењето на аукцијата бидејќи истиот веќе истекол, администраторот на ЕСЈН ќе овозможи:... Повеќе
17.02.2011 -
Нови обрасци на тендерски документации
Бирото за јавни набавки подготви нови обрасци на тендерски документации за постапки кои се спроведуваат со користење на електронски средства и постапки кои завршуваат со е-аукција. Со оглед на тоа што во изминатиот период се направија повеќе измени како во правилата за ЕСЈН, така и во самата софтверска апликација, особено воведувањето на новиот концепт на е-аукција,  неопходно беше овие измени да се рефлектираат и во постоечките обрасци на тендерски документации. Бирото изготви четири нови обрасци за тендерска документација. Новите обрасци можете да ги преземете од веб страницата на Бирото за јавни набавки (... Повеќе
17.02.2011 -
Презентации на новините во ЕСЈН

На 18 и 20 јануари и 9-10 февруари 2011 година се одржаа 7 информативни средби на кои беа презентирани новините поврзани со ЕСЈН кои се случија во изминатиов период или пак се планирани за во текот на наредните месеци. Овие настани ги посетија околу 800 претставници разни договорни органи и преку 600 претставници од економските оператори. За време на средбите, претставниците на Бирото за јавни набавки и Проектот на УСАИД за е-Влада ги запознаа присутните за промените во правната рамка (последните измени на Законот за јавните набавки и Правилникот за начинот на користење на ЕСЈН), измените во софтверската апликација и практично им го демонстрираа новиот концепт на електронските аукции (кога како критериум е избран економски најповолна понуда), кој од почетокот на оваа година започна да се применува. Учесниците имаа можност како за време на презентациите така и во последниот дел да поставуваат прашања поврзани со измените, но и се сето она што им претставувало нејаснотија или проблем во досегашното користење на ЕСЈН. Подетални и посеопфатни обуки за начинот на користење на ЕСЈН и електронските јавни набавки се одржуваат во рамките на Центарот за обуки за јавни набавки. Повеќе информации за овие обуки можете да добиете на веб страната на Бирото – bjn.gov.mk.... Повеќе

05.01.2011 -
Почеток на користење на новиот концепт за е-аукции

Од 01.01.2011 на Електронскиот систем за јавни набавки е воведен новиот концепт за спроведување на електронска аукција. Новиот концепт овозможува спроведување на електронска аукција и кај постапките каде критериум за доделување на договорот е економски најповолна понуда. Ова значи дека електронската аукција ќе може да се употребува кај СИТЕ постапки, освен за постапките за доделување на договор за набавка на интелектуални услуги, проектирање и слични услуги. Воведувањето на овие новини подразбира и измени во самиот тек и начин на спроведување на аукциите. За таа цел Бирото за јавни набавки ги ажурира Прирачниците за користење на Електронскиот систем за јавни набавки и планира одржување на обуки за ЕО и ДО.... Повеќе

22.11.2010 -
Правилно користење на дигитални сертификати
Договорните органи задолжително го користат дигиталниот сертификат во постапките кои се водат по електронски пат и тоа за потпишување на следниве документи при користењето на ЕСЈН: Одлука за јавна набавка, Записник од јавно отворање, Извештај од спроведена постапка и Одлука за доделување на договор/Одлука за поништување на постапка.
Економските оператори задолжително го користат дигиталниот сертификат за потпишување/верификување на техничката и финансиската понуда што ги доставуваат за постапки кои се водат по електронски пат.


НОВО - Прирачник за начинот на користење на ЕСЈН за Договорни органи

НОВО - Прирачник за начинот на користење на ЕСЈН за Економски оператори

ТД за барање за прибирање на понуди до 5000 евра во хартиена форма

ТД за барање за прибирање на понуди до 5000 евра во електронска форма

ТД за барање за прибирање на понуди до 20000 евра во хартиена форма

ТД за барање за прибирање на понуди до 20000 евра во електронска форма

ТД за отворена постапка во хартиена форма - стоки

ТД за отворена постапка во електронска форма - стоки

Упатство за користење на електронски банкарски гаранции